Четириесеттите се новите дваесети години

474

Едно истражување покажало дека 56% од жените кои се на прагот на петтата деценија од животот сметаат дека изгледаат помладо отколку што тоа го тврди изводот од книгата на родените, па дури и на 88% од нив никогаш не им било подобро во животот

Секое ново истражување фрла сомнеж врз претходното, но еве едно кое, сепак, потврдува, “веќе видено”. Според најсвежите информации, четириесеттите години за жените се навистина – нови дваесетти години.

Истражувањето кое го спроведе веб страницата Nice ‘n’ easy покажало дека 56% од жените на прагот на петтата деценија од животот сметаат дека изгледаат помлади отколку што тоа го тврди изводот од книга на родените, а дури и 88% од нив дека никогаш не им било подобро во животот.

Испитаничките, сепак, признаваат дека и понатаму го чувствуваат наметнатиот притисок да бидат убави и атрактивни, а како најголеми виновници за тоа ги наведуваат токму припадничките на понежен пол, кои инсистираат на живот без целулит и вишокот на тежина.

Дури две третини од нив не кријат дека ставот за изгледот влијае на самодовербата. Кога би можеле да се вратат во раните дваесетти години, би си препорачале да работат на самодовербата, за да бидат позадоволни и посреќни – признале 64% од испитаничките.