Разоткриена е најголемата тајна на слабеењето | Јадете три големи оброци на ден, но не го правете ова!

1531

Да не сте гладни, но без ГРИЦКИ принципот е најефикасното губење тежина.

Експертите предупредуваат дека грицките, т.е. нездравата храна, го зголемуваат стомакот, односно акумулираат масти околу половината, па препорачуваат да се јадат три оброци на ден, кој можат да бидат дури и поголеми.

Холандската студија покажала дека сериозна штета прават различни грицки кои содржат масти и високо ниво на шеќер, бидејќи тие се виновници за зголемената стомачна дебелина и замастен црн дроб. Од друга страна кај обемните оброци тоа не е забележано.

Лидерот на истражувањето Mireille Serlie, од амстердамскиот Медицински центар, изјави дека студијата дава недвосмислени докази, дека три балансирани оброци на ден се пат до оптималната тежина и здравје.

Мастите во студијата се мереле со магнетната резонанса, и чувствителност на инсулинот пред и после јадење.