Не спиела 40 години ?! Спие додека оди, зборува, чисти … Како е можно ова?

389
Li Zhanying - Нејзината последна преспиена ноќ кога имала пет години.

Тим лекари од центарот за спиење во Пекинг неодамна ја решиле мистеријата на нејзината „несоница“.

Лекарите запрепастени од случајот на жена од Кина која тврди дека не спиела цели 40 години. Li Zhanying за локалните медиуми изјавила дека не заспала од својата петта година, пренесува The Sun.

Li станала ѕвезда во своето село благодарение на нејзината посебна состојба, а нејзините тврдења ги потврдиле соседите и нејзиниот сопруг.

Пред неколку години, соседите сакале да ја фатат во лага. Решиле да останат будни цела ноќ и да играат карти. Таа без проблеми останала цела ноќ, додека некои од играчите заспале.

Нејзиниот сопруг Liu Suoquin потврдил дека неговата сопруга не спие, бидејќи откако се венчале таа се занимавала со домашна работа во ноќните часови. Претпоставил дека е несоница, па ѝ купил апчиња за спиење, но тие не делувале на Li .

Li во центарот за спиење во Пекинг.

Спиела за време на разговор со нејзиниот сопруг

Побарала лекарска помош, но лекарите не можеле да ја дијагностицираат. Сепак, тим лекари од центарот за спиење во Пекинг ја разрешиле мистеријата за нејзината несоница. Тие заклучиле дека Li всушност спие, но не како што спиеме повеќето од нас, пишува Bastille Post.

Имено, таа не лежела со затворени очи, туку спиела додека разговарала со сопругот. Очите би се успориле, а таа би заспала иако сѐ уште можела да зборува.

Пребарувањата покажале дека Li не поминувала повеќе од 10 минути дневно со затворени очи. Експертите тврдат дека ова е феномен сличен на месечарење бидејќи нејзиното тело било активно додека спиела.