Прочистување бубрези на природен начин

167

Здравјеето на бубрезите е од витално значење за целокупната состојба на организмот, како и долговечноста на нашите животи.

Сепак, дневниот внес на храна и пијалаци можат значително да ги оптоварат.

Дали сакате да го исчистите телото од токсини и да им помогне на бубрезите без оптоварување да ја вршат својата работа, пробајте еден убав, здрав и диетален оброк во чаша.

Што прават бубрезите ?

Верувале или не бубрезите филтрираат секојдневно 200 литри крв, и сето тоа со цел да ги исфрлат отровите кои им наштетат на нашиот организам. Тие се “софистицирана опрема” за преработка кои секој ден од крвта лачат околу 2 литри отпадни и бескорисни материи и вишокот вода, која потоа станува мочка.

Што им штети на бубрезите?

Кога бубрезите се преоптоварени со токсини, може да предизвика болест на бубрезите и мочниот меур, а токму овие токсини во телото се формирани од храната и пијалаците. Луѓето со највисок ризик за развој на болестите на бубрезите се оние со дијабетес, со висок крвен притисок или семејна историја на болеста на бубрезите.

Кои се најголемите непријатели на бубрезите?

  • Животински протеини
  • Сол
  • Генетски модифицирана храна
  • Вештачки засладувачи
  • Газирани пијалоци
  • Млечни производи
  • Кофеин, цигари

Оброк во чаша за чистење на бубрезите

Состојки: 1/2 чистен лимон или сок од лимон, 1 излупен киви, 1/4 чаша ореви, 1 банана, 1/2 китки магдонос, 1 чаша вода.

Подготовка: Ставете ги состојките во блендер, додадете ја водата, измешајте сè добро и … послужете ладен пијалак во чаша.

Совет: Ако сакате збогатен оброк, во пијалакот додадете половина авокадо и неколку листови спанаќ или кељ.