Сите нечистотии од фугите исчезнуваат

1477

Направете ја оваа мешавина од состојки кои сите ги имаме во домот и вашата бања ќе заблеска.

Состојки

  • 7 чаши вода (1,5 литри)
  • 1/2 чаша сода бикарбона
  • 1/3 чаша сок од лимон ( или 1 супена лажица лимонтус, односно лимонска киселина)
  • 1/4 чаша алокохолен оцет

Подготовка

  • Растворете ја содата во 1,5 литри вода, па додадете го сокот од лимон и на крајот полека сипете го оцетот.
  • Почекајте да помине хемиската реакција и тогаш мешавината е подготвена за употреба.
  • Со четка или сунѓер втријте ја смесата во фугите меѓу плочките, и преку плочките.
  • Оставете малку да отстои, па исплакнете.

Резултатите се видливи веднаш!