Што правите со прстењата и нараквиците кога ги миете рацете? Дали миењето со нив воопшто е ефикасно?

310

Миење на рацете, дезинфекција на работните површини, носење маски … се дел од вашата дневна рутина. Сепак, експертите предупредуваат дека има едно нешто што сите го носиме, а можеби и не би требало.

Станува збор за накитот кој го спречува ефикасното миење на рацете и дезинфекција. Пред се, ова се однесува на прстењара и нараквиците, велат експертите.

Поточно, една студија спроведена на Универзитетот во Georgia открила дека луѓето што носат накит не можат да ја одржат хигиената доволно добро затоа што кожата под накитот останала заштитена од дезинфекција и станала идеално место за развој на бактерии. Покрај тоа, тие докажаа дека луѓето кои не носат прстени, мијат раце подобро од оние што го носат овој накит. Дезинфекцијата е исто така помалку ефикасна поради накитот.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето што носат прстени, откако ќе употребуват средства за дезинфекција, имаат повеќе бактерии на своите раце отколку оние без нив. Но, треба да се запомни дека не е доволно да се отстрани накитот за време на миењето на рацете и дезинфекцијата.

„Ако вашиот накит е заразен со бактерии и вие го враќате само откако ќе ги измиете рацете, вашите раце повторно ќе бидат заразени. Ако не сакате да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш не го симнувајте и не го ставајте повторно“, рече Луси Вилсон, здравствен експерт ѝ додава:

“Меѓутоа, ако не сакате да го тргнете вашиот накит, експертите препорачуваат да го измиете накитот со сапун и топла вода за да бидете сигурни дека сте го дезинфицирале од сите бактерии. Немојте да го миете со средство за дезинфекција бидејќи тоа ќе го уништи“.