Како да направите АСЕПСОЛ во домашни услови

1173

Здравствените експерти советуваат редовно и темелно миење на рацете со обичен сапун и вода, посочувајќи дека ова е најдобриот начин за борба против сите вируси и инфекции, вклучително и коронавирус.

Ширењето на коронавирус ја зголеми побарувачката и продажбата на средства за дезинфекција. Затоа, ние ви препорачуваме рецепт за подготовка на асепсол во домашни услови.

Состојки

  • 833 ml 96% алкохол (етанол)
  • 42 ml 3% водород пероксид (хидроген)
  • 15 ml 98% глицерол
  • 110 ml дестилирана вода

Подготовка

  • Додадете ги состојките по горниот ред и внимателно полека мешајте по секоја состојка.
  • Во случај да имате при рака само 70% алкохол, искористете цел литар, но не додавајте вода.