Значително зголемениот број на депресивна и анскиозна младина, доведе до заклучок дека постои понов фактор кој особено влијае на ваквиот раст.
Обично научниците, депресијата и анксиозноста ја препишуваат на социјалните мрежи. Факт е дека овие кондиции се болести на модерното време.
Постојат повеќе фактори кои придонесуваат да има поголем број на депресивни и анксиозни луѓе.
Како прва причина се наведува токму напуштањето на руралниот живот и масовната селидба во градовите. Во САД пред сто години имало само 1 процент на депресивни луѓе, а денес тој процент е многу поголем. Факт е дека тогаш луѓето живееле многу поскромни и не биле сите сконцентрирани во градовите.
Исто така порано луѓето биле претежно фармери, кои поголемиот дел од денот го поминувале во физичка активност, а сите знаеме дека активноста на телото е еден од водечките фактори во борбата против депресијата. Економијата не била толку напредна, луѓето не биле опседнати и директно под влијание од економските дејствија во едно општество и на тој начин помалку биле изложени на стрес. Храната со кои се хранеле била одгледувана во природни услови, и пред се внесувале здрави продукти, па поради ова бројот на луѓе со проблеми со тежината бил многу мал.
Исто така луѓето порано, живееле во големи заедници и одржувале блиски односи со своите родители, па така немало голем простор за осаменост. Блиските односи им овозможувале споделување на проблеми, односно на позитивните и негативните работи, па така полесно се ослободувале од тензијата и стресот.
Дефинитивно најголемиот фактор кој доведува до депресијата се токму социјалните мрежи.
Луѓето денес на своите профили прикажуваат лажен живот и се во постојана трка за кој подобро ќе одглуми совршена приказна или пак ќе добие поголем број на лајкови на постовите и сликите. Во таа трка тие забораваат вистински да живеат и да уживаат во секојдневните и мали нешта што го прават животот убав. Да не заборавиме, социјалните мрежи пробудуваат чувство на завидливост и љубомора доколку други личности умеат да уживаат во работи кои вие ги немате.