Мултиуметнички перформанс „МАРДАМ“ на Школка во Градски парк

1421

Утре, 20 септември, на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје од 19 часот ќе се одржи мултиуметничкиот перформанс „МАРДАМ“.

М А Р Д А Ммултиуметнички перформансМирослав МасинАрда МустафаоглуШКОЛКА – градски прак20. септември 2019 година19:00 часот

Gepostet von Arda Mustafaoğlu am Dienstag, 17. September 2019

На перформансот ќе настапи пијанистот Арда Мустафаоглу, придружуван од квартетот „Strength“, кој ќе се претстави со класични дела на Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил Сај… кои ќе бидат инспирација за ликовниот уметник Мирослав Масин да создава уметнички дела во кои публиката ќе може непосредно да ужива.

Организаторите посочуваат дека „МАРДАМ“ е скромен обид градскиот парк во Скопје да прерасне во место каде класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе бидат достапни на посетителите.

Мултиуметнички перформанс „МАРДАМ“ на Школка во Градски парк