Веќе 15 години ништо не јаде!

274

Јас се хранам со прана, космичка енергија. Не чувствувам глад. Понекогаш нешто ставам во уста, но го плукам …

Чувството на глад го нема. Понекогаш, сепак, посакувал да стави нешто во уста. Заради вкусот. “Земам малку и го плукам. Телото треба постепено да се одвикнува од желбата за храна.”

Витка и нападно исправена положба, со грациозни движења, долга коса прошарана со седи влакна понекогаш ги собира во опашка, потсетува, помислувам, на поранешна балерина. Со музика и движења се занимава професионално, но на сосема посебен начин. Таа е доктор по музикологија која дипломирала паралелно со етнологијата. Со години го истражува звукот, музичар е, научник, духовен учител, вели дека е исцелител со звукот, дека преку неа тече космичка животна енергија.

Мира Омерзел-Мирит не живее од храна, барем не онаа конвенционална, обична. Се храни со прана, сеприсутната космичка енергија. На нејзиниот зелен двор во близина на Љубљана нѐ гушна за добредојде. Пред тешко подносливата, јулска топлина се засолнивме во сенката на градината до која води патот низ куќата. Веќе од вратата е јасно дека тоа е дом на собирачица фуражир. Просторот е полн со разни детали. Иако живее од прана, куќата е полна со храна, наменета за другите членови на семејството.

Мирит не јаде веќе последните петнаесетина години. А неколку дена пред Божиќ 1994 година, шеснаесет дена не се хранела. Таа не чувствувала ниту желба ниту потреба, тоа било уште во времето кога таа мислела дека човекот мора да јаде за да живее. Ако се обидувала нешто да изеде, при тоа што и да ставела во устата, ѝ се враќало нагоре, се сеќава, “назад од желудникот.” Пред тоа, со години се занимавала со духовни техники – трансцендентална медитација, јогиска левитација, ја студирала моќта на звукот и кристалот.

Во август 2000 година, свесно преминала на живот без храна. Средба со Австралијката Jasmuheen, која меѓу првите во светот започнала да држи предавања за пранојадство, ѝ покажа дека “навистина не мора да јаде, за да живее.” “Јас самата се определив да живеам на тој начин.” Од течностите не се откажала сосема. Пие вода и благ чај кој го прави од цвеќињата од својата градина и околните шуми. “Ако добивам за живот космичка храна и поддршка, зошто тогаш да не ја заменам и течноста?”, прашува реторички. Се шегува дека пие поради социјализацијата, “да имам една чаша пред мене додека сум со луѓето околу масата.”

Продолжува на страна 2