Чувството на глад го нема. Понекогаш, сепак, ќе посака да стави нешто во уста. Поради вкус. “Јас умеам да земам малку и да го плукнам. Телото мора постепено да се одвикне од желбата за храна. Како што минуваат годините чувствувам дека сѐ помалку ме влече, дека сѐ помалку имам желба за некој вкус. Некој ден, и таа желба ќе исчезне”, љубезно нѐ кaни со шабес и со топла овошна салата со цимет и карамела.
На прана, вели таа, се менува лицето и целото тело. “Енергијата, ефикасноста и креативноста растат, а многу работам. Кога така работите, и дење и ноќе, тоа е голема промена за телото. Забележав дека мојата уста доби поинаква форма. Ми се промени и главата, черепот се прошири, не можам повеќе да носам капи кои некогаш можев да ги ставам на главата. Овој ефект го познавале и античките Маји. Се зголемува и луцидноста. Она со кое понекогаш е тешко да се живее во овој свет, е да се види она што другите не го гледаат. Гледам, на пример, она што се случува во човекот, телепатски чувствувам она што го мисли, а ми кажува нешто друго.”
Дури и ако не јаде, кај неа не е случај да медитира. Таа не го поминува времето во енергетско напојување со медитација. “Пред тоа, медитирав, денес не. Јас немам повеќе време за медитација. Низ мене цело време додека работам тече животна енергија. Јас работам 16 до 20 часа на ден. Ако се случи да ја преминам границата на физичкото тело, јас чувствувам мачнина која ме запира.”
Енергија. Речиси е пладне. Од сенката, избркани од топлина, се засолнуваме во куќата. И тука, иако во внатрешноста, како да сме во ароматична градина. Просторот го обвива интензивен, иако всушност дискретен мирис. Не се во прашање миризливи стапчиња кои со дел од окото забележувам дека се одложени. Мириса на, не така одамна, собрани билки. Се сушат насекаде. На кваките, по ѕидовите, столиците, висат во китки собрани, превртени наопаку. Melisa. Нане. Кадуља. И уште многу од она што на просторот му дава чудна мирисна нота. Баба ми беше билкар, ќе споменеше повеќе пати во интервјуто, горделива што од неа го наследила знаењето. Прозорците обезбедуваат сенка. Тенок мек тепих го прекрива керамички под. Кујната и дневната соба се полни со храна. Овошје и зеленчук се наредени во керамички и дрвени чинии. Тиквички. Праски. Разни бобинки. Лук вплетен во ниски виси на ѕидот. На полиците десетици тегли со зачини, кои што таа ги подготвува. Во куќата има мачка. И куче. И риби во аквариумот.
Тоа што не јаде, тоа не значи дека и не го готви. “Јас готвам за мојот син и за неговата девојка, бидејќи со нив живеам. Готвам и за своите соработници. Всушност, откако престанав да јадам, станав подобар готвач. Уживам во создавањето нови јадења. Мојата креативност по преминувањето на живот без обична храна неверојатно се раширила. Интересно е и необично. На сите фронтови – работа на умот, работа со звук, пишување, креирање и создавање со раце. Животот без храна прави еден човек да нема повеќе пречки за спроведување на универзалната животна енергија.”
Енергијата не се губи, останува и ти можеш да ја потрошиш на нешто подобро од варењето на храната. Човекот од 70 до 80 % од енергијата ја користи само за варење. Живот на прана го проширува умот, со него расте креативноста, космичка телепатија, чувствителноста на вибрации кои вибрираат низ вселената. Спие малку, 3-4 часа на ден. Нема рутина и вообичаен дневен ритам. Спие кога е уморна, без разлика дали во кревет оди на полноќ или продолжува да работи цела ноќ.
Продолжува на страна 3


















