“Фактот дека спијам малку, остава многу време за работа. Кога сум длабоко во нешто, кога правам нешто важно, можам и да не спијам. Или, пак, се случува дека се будам од сон и треба да дознаам што да правам. Понекогаш, на пример, одам да си легнам, заспивам и се будам за десетина минути, чувствувам дека мора да земам хартија во рака. И така пишувам до утринските часови. Не можам да кажам дека секогаш го правам она што јас сакам. Ми наредува космичката интелигенција – Изворот.”
Таа вели дека тоа што ја добила космичката енергија се согласила да работи во служба на човештвото. “Тоа значи дека пораките и активностите кои треба да поминат низ мене мора да одат, неврзано од тоа дали јас тоа го сакам или не, дали во тој момент можеби би спиела наместо да пишувам. За среќа, и онака сакам да го правам она што јас го чувствувам дека и морам да работам.”
Пред да преминам на пранојадство, три години јадев само салати со алги. Живот на прана не им се препорачува лесно на другите. “Тоа да, кој знае зошто, се одлучат да го и направат насочениот премин кон живот на прана не го препорачувам на никој, бидејќи тоа е одлука која, всушност, треба да дојде спонтано. Таков начин на живот бара да сте добро подготвени, долго да сте без месо и без скроб и да живеете поврзани со својата душа и духовното раководство. Ако процесот на транзиција кон прана не се случи спонтано и ако на тоа не сте подготвени, тогаш тоа се претвора во гладување и страдање кое е опасност по здравјето, па дури може да откажат бубрезите.”
За помалку од 14 дена откако одлучила да живее од прана се нашла на Хималаите, на Тибет. “Тука започна нешто ново. Поширока свесност. После тоа отидов меѓу северноамериканските Индијанци – Хопи, Навахо, Чироки, Aпаче.” Таа била и меѓу племињата во Индонезија, меѓу Маите во Мексико, Абориџините во Австралија, во Бразил и на Филипините, на Хаваите, во Египет, по грчките острови, во Сибир … “Го проучував нивниот начин на живот, животот на шаманите и исцелителите. Тоа се сите стари традиции кои имаат многу нешта да му кажат на современиот човек, кој сѐ најважното го заборавил.”
Имала само 15 години, кога започнала да ги истражува словенското старо музичко наследство, заборавените инструменти и мелодии, а потоа интересот го проширила на музичкото наследство на Европа, па на целиот свет, а особено на старите народи кои сѐ уште живеат во согласност со природата, во голема мера неповреден со модерниот начин на живот и со глобалната култура. На 16 одлучила да студира етномузикологијата, но во тоа време во Словенија немало таква катедра, па запишува етнологијата и музикологија.
Продолжува на страна 4


















