“Има многу повеќе од физичкиот звук, постои и тивок звук. Низ сѐ што таму постои цело време, треперат космички вибрации, енергии и звучни бранови. “Пред 37 години го основала ансамблот Trutamora Slovenica кој ги изведувал старите, заборавени песни и песни на старите инструменти. Во 1999 година го формирала ансамблот Vedun чии музичари последните 15 години музицираат во транс. Вели дека “канализираат, односно добиваат звук кој е терапевтски.”
Тие играат спонтано. “Поставиме пред себе 30-50 инструменти. Седнувааме, се поврзуваме едни со други и со изворот и чекаме да дојде импулсот, звукот кој во тој момент им треба на луѓето кои нѐ слушаат. Нашите концерти не се повеќе концерти во класична смисла на зборот, тоа сега се лекување, усогласување. Додека свириме и пееме, секој го прави своето. Пред концертот немаме поим што ќе пееме, какви хармонии и ритми ќе дојдат. Сето тоа е секогаш уникатно, поврзано со моментот. Свириме на различни заборавени инструменти кои ги собирав додека патував по светот. Пееме на необични начини и на старите засипнати техники”.
Мирит вели дека лекува со космичката хирургија, допир и звук. Лекување со космичка хирургија работи секој прв, втор и трет четврток во месецот во јога центар Parina во Љубљана. При тоа ансамблот Vedun поддржува со исцелувачки звук.
“Вселенската хирургија за тоа време тече за околу 50 луѓе кои се собираат таму. На концертите тоа е до 200. Пред првата таква јавна хирургија мислев дека ќе умрам, толку беа силни подготовките и чувствата кои беа во оптек во мене. Меѓутоа, непосредно пред операцијата исчезна гадењето. При операцијата секогаш течат низ телото многу силни енергии, но тие се толку силни, колку што луѓето треба да добијат. До крајна граница. Луѓето можат да чувствуваат гадење, притисок во главата, силно проширување на срцевата чакра, треперење низ телото, добиваат различни согледувања. “Кога Мирит создава – музицира, пишува или лекува, се препушта вели, на космичката енергија која ги води нејзините движења и глас или мислите, и добива различни пораки за неа и луѓето. “Ние не размислувавме за звукот, преку мене оди звукот што треба да оди. Преку мене, додека лекувам, излегуваат тие чудни звуци кои јас со својот умен напор никогаш не би можела да ги создадам. Ги пуштам и рацете и гласот да одат сами и да работат водени од космичката интелигенција.”
Секоја година во септември на Муртер организира традиционален сув пост, три или четири дена учесниците поминуваат без храна и течности. Подготовките за постот, а потоа полека враќањето на течност и на храна, заедно со постот, траат околу десетина дена. Една недела порано учесниците консумираат свежо овошје и зеленчук, како и билни чаеви и вода во која има варен зеленчук. Наменет е за “луѓето кои се подготвени на ефективни промени и сакаат да се доведат во рамнотежа, хармонија на телото и умот”. Првите три дена пијат, но не јадат. Од четвртиот до осмиот ден е сув пост. Во тишина. Кога ќе помине постот прво конзумираат течност, супа, компот или чај. Потоа, во вториот оброк, јадат овошје, салата или палента.
Мирит цело време е фокусирана на сите учесници на курсот, се грижи за нивното здравје, им ги контролирана бубрезите и белите дробови, и им вели таа, пренесува пораки кои им се потребни да го направат чекорот понатаму. Подготовката за сув пост почнува веќе на курсот во Рогла на Похорје. По неколку дена одат на Муртер.
“Таму луѓето, со кој раководам, се соочуваат сами со себе. Со музиката на ансамблот Vedun секое утро практикуваат јогата Veduna. Во текот на курсот, учесниците добиваат појасни увиди за она што треба да го направат и какви промени треба да внесат на животот. Многу емоции има тука, солзи, исфрлање на тагата.”
За сув пост вели, избира само духовно доволно широки и посветени луѓе кои се подготвени за таков предизвик, инвентура и авантура.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















