10 работи кои би сакала да сум ги научила во училиште – Во животот добивате онолку колку што давате!

386

Во училиштата не се учат доволно корисни применливи психолошки знаења. Овие правила и порано би ви биле добродојдени, но и не е предоцна да ги усвоите…

Повеќето луѓе кои ја исполниле анкетата за применливоста и корисноста на знаењата кои ги научиле во училиштето, изјавиле дека само 20 до 30 проценти од работите што ги научиле таму се корисни.

Ако сте и вие незадоволни од применливоста на знаењето кое сте го добиле на училиште, дали некогаш сте се запрашале што би сакале да научите таму, наместо математичките теореми или латинските деклинации.

Јас лично мислам дека во училиштата не се учат доволно корисни применливи психолошки знаења. Во разговорите со неколку пријатели, еве што се појавило на нашата листа на работи што би сакале да нè научиле на училиште.

1. Правило 80 до 20

Според ова правило, кое, исто така, е познато како Паретов принцип, 80% од вредностите кои ќе ги постигнеме во животот ќе произлезат од 20% активност. Затоа, повеќето од она што сите ние го правиме не е ниту корисно ниту неопходно до степен до кој тоа нѝ се чини.

Ако ја разгледаме корисноста на некои од нашите активности, можеме да се откажеме од многу активности, а со самото тоа да добиеме многу повеќе време и енергија која можеме да ја потрошиме на активности кои нѝ се позабавни или по корисни за нас.

2. 80% до 90% од она од што се плашиме никогаш нема да се случи

Повеќето од нас се грижат премногу и се плашат затоа што никој не нѝ кажал за ова правило. А кога и некои лоши работи ќе се случат обично не се толку болни колку што сме предвидувале.

Грижата е неверојатно губење на време и енергија.

3. Грешките и неуспесите се наши животни учители

Малите деца учат преку обиди и грешки и затоа немаат проблеми со грешките. Меѓутоа, како што растеме, а особено во училиште, дознаваме дека е ужасно да се греши. Последица на тоа е што се обидуваме да направиме сѐ помалку и помалку нови работи.

А успехот во животот често зависи од тоа да не се откажеме кога ќе се соочиме со неуспесите и грешките. Со други зборови, од нашата упорност. Затоа е важно да се преформулира значењето на грешките и неуспесите во животот на возрасните.

Продолжува на страна 2