10 работи кои би сакала да сум ги научила во училиште – Во животот добивате онолку колку што давате!

1252

4. Нашиот став ја менува нашата реалност

Повеќето луѓе слушнале дека треба да го променат начинот на гледање на работите кога тие не се случуваат онака како што сакаме. Но, уште поважно е што промената во ставот ја менува реалноста во која живее некоја личност.

Тоа е затоа што со промената во ставот се менува фокусот на лицето и последицата е промена на реалноста. Како што Шри Чинмој рече: “Исто како што се гледате себеси, така ќе го гледаш и остатокот од светот”.

5. Благодарноста е наједноставниот начин да се биде среќен во животот

Иако повеќето од нас некаде по патот слушнале дека е добро да бидеме благодарни, главно не нѝ објасниле зошто е тоа така. Повеќето од нас не слушнале дека благодарноста е директен пат кон среќата.

Наместо тоа, нѐ учат дека за среќа, неопходно е да се биде богат, успешен, мајка, партнер, факултетски образована итн.

6. Споредувањето со другите е причина за лично незадоволство и недостаток на самодоверба

Ако се споредуваме со другите луѓе, тогаш дозволуваме животната средина и луѓето во него да нѐ контролираат.

Со други зборови, зависиме од мислењето или одобрувањето на другите луѓе. Наместо тоа, многу е подобро да се споредуваме со самите себе. Набљудувајќи колку далеку сме стигнале во однос на претходниот период или во однос на нас самите од порано.

7. Паркинсоновиот закон

Овој закон вели дека за сè што правиме, нѝ треба многу помалку време отколку што треба за то да издвоиме. На пример, ако сметате дека за нешто ви треба недела дена, тогаш ќе дојдете до решение во тој период. Но, ако за тој проблем одредите еден час наместо една недела, вашиот мозок ќе најде решение во рамките на тој период.

Се разбира, понекогаш резултатот нема да биде толку совршен како да сте се занимавале со проблемот една недела, но понекогаш може да биде подобар од оној со кој сте се мачеле многу подолго време. Во секој случај добивките се во тоа што со време сѐ подобро ќе се фокусирате и со самото тоа ќе станете сѐ поефикасни. Како резултат на тоа, ќе имате повеќе време да вложите во сè она за што секогаш ви недостасувало време.

Продолжува на страна 3