20 најчести заблуди за децата

142

Британскиот новинар Тим Лот, татко на четири деца, составил за Гардиен мал водич за сите оние кои размислуваат да станат родители.

Малку мудрост, малку факти, малку сарказам и очигледно – многу искуство. Отрезнувачко или обесхрабрувачко? Прочитајте, проценете, прокоментирајте:

1. Децата се разумни
Децата се луди. Не се обидувајте да ги вразумите.

2. Децата се глупави
Децата се многу паметни. Бидејќи, продолжуваат да поставуваат прашања од кои ние возрасните се откажавме.

3. Децата сакаат да им бидете пријател.
Тие тоа не го сакаат. Тие сакаат да им бидете родител.

4. Децата обрнуваат внимание на она што го зборувате.
Не, тие не го прават тоа. Обрнуваат внимание на она што го правите.

5. Најголемиот страв на децата е стравот дека ќе умрете.
Не е. Децата се плашат дека не се достојни за вашата љубов.

6. Новороденчињата се најубавото нешто на светот
Новороденчињата се прилично грди. Особено кога се покриени со слузот. И не изгледаат многу подобро ниту кога ќе ги избришат.

7. Раѓањето на детето е прекрасно искуство
Породувањето е како средновековната тортура, а за мажите – тоа е чувство на вина.

8. Децата сакаат за нив да потрошите многу пари.
Децата сакаат на нив да трошите многу време.

9. Децата реагираат на критика и казна.
Не, тие само ве мразат заради тоа.

10. Вашите деца мислат дека сте кул.
Не, мислат дека сте глупави. Лесен презир е најдоброто нешто на што можете да се надевате.

Продолжува на страна 2