20 најчести заблуди за децата

1865

11. Вие сте одговорни за тоа како вашите деца ќе се формираат.
Вие, не сте. Децата се создаваат сами себе многу повеќе отколку што ги формира светот околу нив. Тоа е причината зошто вашите деца меѓу себе се разликуваат.

12. Како што децата растат, постепено ги губите.
Не, тие само стануваат поскапи.

13. Децата се раѓаат добри, а потоа полека се расипуваат.
Деца, како и нивните родители, се мешавина од доброто и лошото.

14. Девојките се ангелчиња, момчињата ѓаволчиња.
Обично тоа е обратно. Набљудувајте ги девојчињата во игра 20 минути. Тоа ниво на психолошка бруталност може да се мери само со шпанската инквизиција. Момчињата само се удираат едни со други. А потоа забораваат на тоа.

15. Вашите деца се особено посебни, талентирани и убави.
Статистички гледано, постои мала шанса за тоа. Повеќето од децата се сосема просечни. За среќа, моите се исклучок.

16. Кога ќе наполнат 13 години и ќе влезат во пубертетот, децата се тешки, непристојни, груби и себични.
Децата можат да бидат тешки, непристојни, себични и непријатни многу порано пред тоа.

17. Причината што се чувствувате многу гордо е што имате деца.
Всушност, речиси секој може да го постигне тоа. Особено е лесно за мажите.

18.Toа што сте ги пораснале и сте ги исхраниле своите деца, сте им дале дом и сте ги потрошиле сите пари на нив, сакајќи ги и штитејќи ги, значи дека тие ви должат нешто.
Но, не должат. Или барем така тие мислат. Што е сосема исто.

19. Децата денес поминуваат премногу време пред екраните.
Всушност, тоа е одлично. Затоа, вие не мора да играте Монопол со нив и заедно да редите сложувалки.

20. Убаво е да патувате со децата на одмор.
Тоа зависи од тоа колку сте во можност да им платите бебиситерка.

Jovana Papan