7 важни работи за Морето на смртта во кое никој не може да потоне

525

Никој не може да потоне во ова лековито море, но тоа може да биде опасно, но од други причини.

Го нарекуваат “морето на смртта”, тука никој не може да потоне, но уште многу нешта не знаете за ова место.

Мртвото Море, Морето на смртта и Лотово Море се имињата за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од 33 проценти.

Дознајте по што овој природен феномен е посебен

1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа околу 400 метри под површината на светското море, на Блискиот Исток, меѓу државите Јордан и Израел. Длабоко е околу четири стотини метри.

2. Нивото на водата во Мртвото Море не расте, бидејќи околу него владее пустинска клима, со температура од 40 степени Целзиусови во најтоплите летни месеци, која доведува до големи испарувања. Од друга страна, дождот е многу редок во оваа област.

3. Соленоста во Мртвото Море изнесува околу 33 проценти.

За споредба, Средоземното Море има 3% сол. Сепак, Мртвото Море не е најсоленото езеро во светот. Од него е посолено Асалското Езеро во Источна Африка (35% сол) и Дон Жуан Понд на Антарктикот (со соленост од 40%).

4. Поради високиот процент на сол, условите за живот во Мртвото Море се многу сурови. Само во таа вода можат да преживеат микроорганизми, како што се анаеробните бактерии.

Продолжува на страна 2