Очи во очи со дивиот свет | Ogi photography

1875

Еден ден додека престојував во Аархус Данска дознав дека има зоолошка која и не е така далеку од местото каде што престојував. Си реков мора да ја посетам!

Па нели мојата професија е таква. Авантуристичка. Дали би била нормална една фотографија без авантура? Не.

И така тргнав едно зимско тмурно утро. По патување од саат и половина пристигнав во Аалборг. Нели, како и во секој нов град, сѐ ти е ново и непознато и потебно е време за да се снајдеш. Малку по малку стасав и до зоолошката.

Голема и преубава спремна за истражување, и да го доближи дивиот и непознатиот свет нам непознатите луѓе. Внатре секој можен детал ремек дело сам за себе.

Ogi Photography

Се изназборев, а заборавив да ви се преставам. Јас сум дечко од 29 години кој е роден, работи и живее во Скопје. Уметничка душа која се храни и добива инспирација од музиката и рандом насмеаните луѓето кои ги сретнувам секојдневно. Отсекогаш ме привлекувала фотографијата. Но, за да си ги остварам идеите решив да си купам фото апарат. Мој. Сопстен апарат.

Времето поминуваше и сета онаа желба, инспирација и мотивација се стискаше длабоко во мене, сѐ до оној момент додека не ја почувствував магијата на фотоапаратот, волшепството на фотографијата, која го најави пресвртот во мојот живот. На површина излезе она што со години се криело во мене.

Конечно почнав да се разбирам себеси и да дознавам која била таа празнина во мене. Па ете ме, после 5 години можам да се пофалам. Зад мене се 3 групни изложби, една самостојна, а втората е во подготовка. Неколку спотови кои не останаа не наградени или барем пофалени.

Тоа сум јас Ogi Photography, а ова е мојата фото прошетка по зоолошката градина во Аалборг, Данска. Се надевам дека ќе ви се допадне.

Продолжува на страна 2