Која е разликата помеѓу добар дечко и дечкото кој го посакувате?

451

Досега сте ги искусиле сите подеми и падови со лош дечко со кој никогаш не сте знаеле на што сте? И сега сакате еден добар покрај себе?

Тери Треспицио за „Галтајм“ пишува дека не им верува на жените кои така ги делат момчињата бидејќи за таков став е одговорно моменталното чувство за повреденост и дека тие само сакаат да ја искусат спротивната крајност.

Вистина е, тврди оваа советничка за врски дека многу жени запознале добри мажи кои во нив не успеале да ги разбудат потребните чувства. Таа верува дека некои жени сакаат добри мажи за да си го олеснат животот, меѓутоа и дека сите жени, кога подобро ќе ги запознаат таквите мажи, тие им стануваат здодевни. Што вусшност сакаат жените?

Скриената желба на сите еманципирани жени е маж кој е одлучен и не се плаши да биде упорен. Премногу добриот дечко често може да биде претерано услужлив, не може самостојно да донесува одлуки, а понекогаш се занимава и со „женски работи“ со цел да ви се приближи. Тој исто така прави некои работи за да добие дополнителни поени и да ја задржи титулата „добар дечко“, а тоа некогаш може и да оди на нерви. Затоа, Тери ги советува дечките- немојте да бидете добри, бидете свои. Немојте да правите нешто само за да испаднете добри пред некого. Еве како она дава реални примери помеѓу добриот дечко и дечкото кои девојките генерално го посакуваат:

 Добар/ пристоен дечко

–         Прашува: Каде би сакала да одиме?

–         Ви се јавува уште пред да се запрашате дали ќе ви се јави.

–         Срцето ви го дава како подарок.

–         Секогаш е на располагање.

–         Кога сте со него, се смеете.

–         Сексот е удобен.

–         Тој вас ве гледа како негова сила.

Дечкото кој го посакувате

–         Ви вели: „Биди тука во 20 часот. Еве ја адресата. Облечи ги чевлите со високи потпетици.“

–         Ви се јавува тогаш кога сте се помириле дека нема да ви се јави.

–         Ви дозволува да го истражувате.

–         Не е секогаш достапен.

–         Кога сте со него, се чувствувате привлечно.

–         Сексот е возбудлив.

–         Вас ве гледа како негова слабост.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.