Неверојатен наставник кој создаде училиште со ѕидни градини и ги научи учениците како да го сакаат зеленчукот | Видео

161

Кога станал учител во проблематичниот Јужен Бронкс, во Њујорк, Stephen Ritz навистина веруваше дека децата со кои работи не треба да ја напуштат заедницата за да направат нешто од себе и да имаат подобар живот.

Тој одлучи животот да го “засади” токму таму каде никнале и неговите ученици, и тоа буквално. Создаде училиште со зеленчукови ѕидови и направи чудото таму, од каде што сите други очекувале само најлошо.

Со градинарството во училиштето од 2005 г. Stephen Ritz го зголеми процентот на посетеност на наставата во училиштето “Дискавери”, и тоа од 40% на 93 %. Како? Учејќи ги учениците да одгледуваат храна.

“Моите ученици биле најмаргинализираната група во Њујорк, која живее во најсиромашниот округ во Америка. Станаа подебели, болни и посиромашни”, вели Ritz. Размислувајќи, како би можел да ги мотивира и направи поздрави, со нив почна да ги обновува комуналните градини, а во 2009 година соработува со компанијата “Green Light Technologies” која ги прави вертикалните урбани градини и во својата училница направи “ѕид за јадење” од алуминиум и нерѓосувачки челик. Децата беа воодушевени и многу брзо ги засукаа ракавите, но овој пат не заради физички пресметки по кои овој регион е познат, туку заради градинарската работа.

Зеленчук во училиште

Одгледување храна со свои раце навистина ги измени овие деца. Почнаа мотивирани да доаѓаат на училиште, горди се на своите дела и помалку склони кон интерперсоналните конфликти. Згора на тоа, наместо да се муртат кога ќе се спомне зеленил, учениците на Ritz, кои претходно биле дебели и навикнати на брза храна, почнаа да грицкаат директно од ѕидовите на училниците, докажувајќи уште еднаш дека храната која самите ја одгледуваме неизбежно станува храна која сакаме да ја јадеме. Ги загубиле своите лоши навики за јадење и многу килограми, а и нивниот учител ослабел заедно со нив.

Продолжува на страна 2