Кој појадува јајца, подоцна јаде помалку

182

Најновите истражувања објавени во списанието “Nutrition Research” покажаа дека е исклучително важно првиот утрински оброк да е богат со протеини.

Најдобро е да се јадат јајца за кои е докажано дека го намалуваат чувството на глад и ја намалуваат потрошувачката на калории во текот на денот.

Истражувачите откриле дека мажите кои го започнуваат денот со јајца за појадок трошат значително помалку калории кога ќе им се понуди за ручек да јадат колку што сакаат, за разлика од мажите кои јадат за појадок оброк со истата енергетска вредност во облик на пециво богато со јаглени хидрати.

Тестирање на разликата помеѓу два просечни американски појадоци спроведе д-р Марија Луз Фернандес од Универзитетот во Конектикат која објасни дека “појадок богат со протеини помага во контролата на гладот.”

Таа додаде дека постои сѐ поголем број на докази кои покажуваат колку се важни за здравјето високо калорични протеини, а особено посочи колку е важно тие да се составен дел од појадокот.

Претходните истражувања покажаа дека дебелите луѓе кои се на диета губат 65 % поголема тежина и чувствуваат дека имаат повеќе енергија ако за појадок наместо пецива јадат јајца.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk