Водата од варените слатки компири може да помогне во слабеењето

650

Слатките компири се не само слатка алтернатива на обичните компири. Тие можат да помогнат во регулирањето на телесната тежина и крвниот притисок.

Дури и отпадната вода од готвењето на слатките компири би можела да се користи во регулирањето на телесната тежина и неутрализирање на наталожените маснотии.

Ова го покажуваат податоците од неколку независни студии, пишува medicalnewstoday.com.

Слатките компири содржат исклучително хранливи и здрави состојки. Меѓу нив се витамините од групата Б, антиоксиданси, витамин А, витамин Ц , даваат енергија и го стимулираат формирањето на нови крвни клетки. Супстанциите во слатките компири се поврзуваат дури со превенцијата на различни видови рак .

Отпадната вода од слатките компири е многу богата не само на наведените супстанции, но и на скроб , која има силни ефекти при слабеењето и помага за забрзување на варењето и топењето на мастите. Ова го утврдува истражувањето објавено во списанието Heliyon.

Исто така тим од јапонски научници од Националната земјоделска истражувачка организација за храна спровела експерименти поврзани со отпадните води од слатките компири по варење. Тие исто така ги потврдуваат позитивните ефекти на оваа вода, па дури и планираат развој на програма за вклучување во индустриски размери.

Според нив, влијанието против глобалната дебелина би било многу ефикасно. На глобално ниво се произведуваат повеќе од 100 милиони метрички тони слатки компири годишно. 90% од оваа реколта се одгледува во развиените земји. Затоа планот би имал ефект, сметаат истражувачите.

Слатките компири се многу погодни за изработка на различни индустриска храна како паста, бонбони, пектин, брашно и скроб. Резултатот од оваа индустрија, сепак е исфрлањето на отпадните води од обработката во океаните и реките. Наместо природата да се става во ризик од оваа штетна практика, отпадните води од обработката би можеле да бидат филтрирани по специјални технологии и се користат за добивање на храна и пијалоци, кои помагаат во слабеењето.

Водата од слатките компири влијае на телесната тежина, го намалува масното ткиво и потенцијално го подобрува целокупниот здравствен статус, сметаат истражувачите.

Експеримент со лабораториски глувци покажува дека водата од слатките компири го намалува драстично холестеролот, триглицеридите и го обрнува процесот на хепаталната стеатоза само за месец. Тоа има позитивни ефекти врз страдањата како метаболен синдром, инсулинска резистенција, дијабетес тип 2.