Интересни статистики за сексот | Видео

3058

Статистиките за сексуалните навики се секогаш забавни за читање, од кои може, ако внимателно читате, ѝ да се научи нешто, а во секој случај добро ќе послужи кога на некоја забава треба малку да се крене атмосферата.

Мажите во оваа анкета на Durex ипаѓаат поголеми фраери, бидејќи во просек губат невиноста со 16,9 години, што е спротивно од жените на кои им треба уште половина година повеќе.

Покрај тоа, промискуитетот кај посилниот пол е поизразена (или повеќе се фалат во анкетите), бидејќи просечниот маж во животот има 13 партнерки, додека жените имаат двојно помалку, само седум.

Што се однесува до бројките за оргазми, тука е веќе малку проблематично, бидејќи само 29% од жените доживуваат оргазми за време на секој сексуален однос, па затоа не е чудно што 30% редовно глумат оргазам. Меѓутоа, како што само 8% од паровите имаат секс секој ден, тие се сè уште добри бројки.

Бонус видео: