Татковството го менува мозокот на мажите

153

Грижата за бебе го менува мозокот на мажот и тој манифестира различно когнитивно и емотивно однесување. На сето тоа, мозокот на таткото се повеќе наликува на мозокот на мајката.

Една неодамнешна анкета покажа дека мажите кои ги негуваат своите деца при скенирањето на мозокот снимени се интересни резултати. Поточно, во нивниот случај, делови од мозокот кои се одговорни за обработка на емоциите и социјалното разбирање се многу активни откако бебето станува дел од нивниот живот.

И татковците поминуват низ хормонски пормени

Бременоста, породувањето и доењето предизвикуаат намалено или зголемено лачење на одредени хомрони кај жените, но научниците утврдија дека нешто слично се случува и со телото на мажот иако тие не се во состојба да носат и го хранат бебето по природен пат. Во истажувањето учествувале и луѓе и животни, покажа дека мажите кои се ставиле во улога на родител имаат повеќе окситоцин, естроген, пролактин и глукокортикоид, а експертите наведуват дека до ова зголемување доаѓа благодарејќи на контактот со бебето и неговата мајка.

Окситоцинот ја зацврстува врската меѓу таткото и бебето

Окситоцин кој исто е така е познат како љубовен хормон, ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за своите бебиња, да се вклучат во играта со нив, а бебињата им одговараат еднакво со љубов.

Татковството е причина за стварање нови неурони

Како што покажуваат големиот број научни истражувања, на татковците им се обновуваат изгубените нервни клетки и исто така, доаѓа до создавање нови. Покрај тоа, тие растат побрзо и подобро се развиваат што ја подобрува меморијата кај мажите.

Татковците се чувствителни на детскиот глас

Општо познато е инстиктот на мајката кој им помага да го препознаат кога плачењето значи дека бебето е гладно, кога нешто го боли, а кога му се спие. Меѓутоа, научниците утврдиле дека и татковци знаат да се поврзат со своите деца на тој начин. Едно истражување покажа дека 90 отсто од татковците  го препознаваат значењето на плачот на бебето.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk