Зошто лекарите против чумата во 17 век се облекувале како птици ???

368

Во 17 век луѓето верувале дека овие маски можат да го прочистат отровниот воздух.

За средновековните луѓе чумата била најстрашна позната болест, која убивала луѓе на многу суров и болен начин. На луѓето масовно им отекувале лимфните жлезди, што било многу болно, а кожата им потемнувала – и тоа се само некои од видливите симптоми кои го плашеле населението.

За застрашувачката атмосфера придонеле и тогашните доктори кои носеле црна наметка и маска со долг клун, налик на птичји. Причината зошто носеле вакви маски е во заблудата за потеклото на болеста.

Во периодот на избувнување на бурбонската чума – пандемија која во Европа со векови се повторувала – градовите кои биле зафатени од оваа болест ангажирале доктори против чумата. Тие препишувале лекови за кои се верувало дека се заштитни мерки на основа на искуствата, но и обдукциите што ги правеле, а ги изведувале со маски на себе.

Посебно необичен начин бил начинот на кои го штителе своето лице: носеле маска која имала отвор за очи исполнета со парфем од мешавина на билки. Маската имала два отвори во близина на носниците со кои се овозможувало дишењето, но и поднесувањето на јакиот мирис од билките со кои биле премачкани или обложени.

Причината за чумата била бактеријата Yersinia pestis, која се пренесувала од животните на луѓето или со убод од болва, исто така и со контакт на контаминирана течност или ткиво и со капки – односно со кивање и кашлање од заразени лица. Меѓутоа, тогашните доктори верувале дека болеста се шири низ воздухот – а мерката за степенот на затруеноста бил непријатниот мирис – маизма. Тие верувале дека тој воздух создава нерамнотежа во телесните сокови.

Бидејќи најдоминантен бил непријатниот мирис, тие верувале дека во него се крие и причината, затоа од него се штителе со јаки парфеми. Покрај сопствената заштита, се верувало дека јаките мириси можат да ги „дезинфицираат“ областите заразени со чума.

Рим, 17 век

Лекарите ги полнеле своите маски со мешавина од повеќе од 55 видови билки и други компоненти, како што се месо од некои животни кои ги ситнеле да бидат во облик на прав, цимет, мирта и мед. Тие мешавини им биле како еден вид „филтер“.

Сè до откривањето на бактеријата и модерните антибиотици, нивните методи и костими не можеле да обезбедат вистинска заштита од болеста.