Полнето јаболко со полно витамини

1305

Потребно

  • 6 тврди кисели јаболки
  • 375 г свежа урда
  • 120 г мелени лешници
  • 75 г исечкано црно чоколадо
  • 5 лажици мед
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • путер по потреба

Подготовка

  • Јаболките измијте ги, отсечете им малку од дното за да стојат стабилно во тепсијата.
  • Потоа издлабете ја средината од секое јаболко.
  • Во еден сад помешајте ја урдата со лешниците и чоколадото, потоа додадете 3 полни лажици мед и кората од портокал.
  • Со смесата наполнете ги јаболките, а потоа наредете ги во подмачкана тепсија.
  • Јаболките прелејте ги со лажица мед и печете на 190 °C додека не омекнат.
  • Готовите јаболки прелејте ги со преостанатиот мед и декорирајте со вашето омилено чоколадо.