
5. Солта и минералите во водата имаат многу позитивен ефект врз здравјето на луѓето, па не е за изненадување дека тука уште од времето на Ирод доаѓале да се лекуваат луѓето кои страдале од псоријаза и други кожни болести, како и заболувања на коските, како што се остеопорозата и артритисот.
6. Поради високата содржина на сол, водата е многу густа и оневозможува пливање, и никој не може да потоне. Сепак, тоа не значи дека ова место не е опасно.
Спасувачка служба редовно ги предупредува туристите да не ја пијат водата од езерото, бидејќи поголеми количини можат да го нарушат електролитниот баланс во организмот и да доведат до запирање со работа на неколку органи.
Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање во водата, со цел да се избегне контактот на солта со очите.
7. Старите Египќани ја користеле лековитата кал од Мртвото Море за балзамирање на мумиите.



















