Постојат разни работи кои не треба да се прават пред интимен однос, но една работа е на самиот врв. Ако имате навика пред односот да одите во тоалет и да извршите мала нужда – повеќе не го правете тоа! А ако уринирате по сексуалниот однос, тогаш само така и продолжете.
Урологот Дејвид Кауфман објаснил дека многу од неговите пациенти уринирале пред сексуалниот однос, а потоа објаснил зошто тоа не е добро, и зошто таа физиолошка потреба треба да се изврши по водењето љубов.
Тој за “Yahoo”, објасни дека со мокрење пред сексуалниот однос се зголемува можноста за добивање на инфекција на уринарниот тракт, додека малата нужда “по цигара” е голема работа. Всушност, се работи за тоа дека силен млаз на урината помага да се отстранат вагиналните бактерии кои може да влезат во уретрата за време на сексот. Ако бактеријата не се отстрани, може да предизвика инфекција на уринарниот тракт.
– Се разбира, тоа не е главната причина за инфекциите на уринарниот трак, кои може да се случат по односот, но се случуваат. Бактеријата може да дојде до мочниот меур, но ако уринирате по интимниот акт таа можност драстично се намалува – објаснил Кауфман.
Тој тврди дека е најдобро мочниот меур да е полн, така што ќе може да обезбедите посилен млаз за време на уринирањето, кој ќе помогне во чистењето на црниот дроб.
Меѓутоа, ако треба да направите мала нужда пред сексуалниот однос, препорачливо е после тоа да испиете многу вода, за да и по односот можете да ја извршите истата работа.