Крцкавите и вкусни семиња од сончоглед секаде се сметаат за здрава храна. Богати се со енергија, односно 100 грама семе содржи 584 калории.
Сончогледот е и неверојатен извор на нутритивни материи кои се добри за здравјето, како минерали, антиоксиданти и витамини.
Голем дел од неговите калории доаѓаат од масните киселини. Семињата се особено богати со линолеична киселина. Исто така се добри за намалување на „лошиот холестерол“ и поттикнување на „добриот холестерол“ во крвта.
Како и другите семени растенија, сончогледот е многу добар извор на протеини и аминокиселини со добар квалитет, како тритофанот, кој е значаен за растот, особено кај децата. Само 100 грама семе обезбедува околу 21 грам протеини.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















