Научниците објаснија зошто газираните пијалоци разболуваат од рак

1268

Ризикот од развој на рак е целосно реален при употребата на газирани пијалоци, тврдат научниците од Универзитетот “Хопкинс” во Балтимор, Мериленд, САД.

Канцерогени материи, како и оние кои се наоѓаат во цигарите и се поврзуваат со формирањето на малигните заболувања, се содржат и во газираните пијалоци, објаснуваат тие.

Супстанцата се нарекува 4-метилимидазол и се додава на пијалоците и на некои хпрехрамбени производи со прегорен шеќер иили боја. Иако нивото на хемикалии е различно кај различни марки, тоа не го менува фактот дека внесувањето, е закана од развој на рак, се вели во студијата објавена во списанието PLOS ONE.

Научниците објаснуваат дека овој ризик е целосно непотребен и има можност да се избегне. Суштината е дека неговата улога е поврзана исклучиво со типот на пијалокот. Изложеност на 4-метилимидазол се одредува спрема количината газирани безалкохолни пијалоци кои се консумирани.

За целта на оваа студија истражувачите анализираат повеќе од 10 брендови газирани безалкохолни пијалаци. Воспоставена е дека зголемената потрошувачка на слични пијалоци го зголемува и ризикот од малигнитет. Во моментов од страна на Прехрамбената и Лекарската администрација во САД се уште не определиле лимит на количината од хемикалии што може да се става во пијалоците.

Поради високата содржина на шеќер, газираните пијалоци веќе се поврзуваат со дијабетес. Според податоците на голем број студии тие се и водечка причина за високите нивоа на дебелината кај децата низ целиот свет.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.