Зависноста од смартфонот го менува мозокот

377

Зависноста од „паметниот“ телефон засега не е призната како болест. Но истражувачите открија промени во мозоците на погодените, слични на оние кои ги имаат лицата кои страдаат од депресија или анксиозност.

Една половина од сите тинејџери во САД е уверена дека е зависна од смартфон. Милениумската генерација дневно минува околу 5 часа во интеракција со „паметните“ телефони.

Досега зависноста од мобилниот телефон и интернет не беше призната како болест, но истражувачите во мозоците на погодените лица открија промени. Односот на важни невротрансмитери кај нив веќе не бил во рамнотежа.

Такви разлики пронајдени се и во мозоците на лица со пореметувања на страв, како анксиозност и депресија. Младите зависници страдале и од нарушувања на сонот.

Добра вест: по соодветна терапија мозоците повторно се нормализирале.

А, колку долго Вие можете да издржите без Вашиот телефон?

Бонус видео