Во епски истражувачки напор кој засекогаш ќе го промени нашето разбирање за древното минато, меѓународен тим на научници во Кина откри неверојатен фосил, комплетен рептил од периодот на Triassic, долг 5 метри, кој го нарекоа „Змеј“.
Ова откритие претставува значајна пресвртница во проучувањето на тријасскиот период, првиот и најкраткиот период од ерата на диносаурусите, кој се протега од пред 252 до 201 милион години, пренесува BBC.
На почетокот на Triassic, речиси сите континентални маси на светот биле споени во суперконтинентот Pangea. Во овој период, разновидноста на рептилите расте, а се појавиле и првите диносауруси. На крајот на Triassic се појавиле првите цицачи, ситни крзнени животни потомци на влекачите.
Овој исклучителен фосил е стар околу 240 милиони години и бил наречен „змеј“ поради неговиот екстремно долг врат. Станува збор за Dinocephalosaurus orientalis, вид кој првпат е идентификуван во 2003 година.
Многу чудно животно
Палеонтологот Nick Fraser од National Museum of Scotland го опиша откриеното животно како „многу чудно“.
„Ова е првпат да можеме да ја видиме целосната форма на ова древно суштество“, рече Fraser. „Претпоставуваме дека неговиот долг, свитлив и флексибилен врат е предност во ловот, што му овозможува да бара плен во подводните пукнатини. Ова откритие дополнително нагласува колку необичен бил периодот на Triassic. Секој пат кога ќе ги погледнеме овие наоѓалишта, наоѓаме нешто ново“, додаде Fraser.
Според една студија објавена во 2004 година, Dinocephalosaurus orientalis веројатно ловел риби и лигњи во плиткото море на југоисточна Кина пред повеќе од 230 милиони години. Веројатно го држел вратот паралелен со површината на водата за да може да дише, додека распоредот на забите сугерира дека можеби го нападнал пленот со отворени вилици настрана, како крокодил.
Најновиот фосил е пронајден во античките наоѓалишта на варовник во јужна Кина, што дополнително го зголемува нашето разбирање за биолошката разновидност и еволуцијата на периодот Triassic. Истражувањето, наречено “Dinocephalosaurus orientalis Li, 2003: a remarkable marine archosauromorph from the Middle Triassic of southwestern China“, објавено е во списанието Earth and Environmental Science: Transactions of the Royal Society of Edinburgh.