Научниците нудат 250.000 долари на оној кој ќе ги прочита карбонизираните свитоци стари 2.000 години

738
Карбонизиран свиток од Herculaneum Library

Досега содржината на свитоците од Herculaneum Library остана целосно непозната, но употребата на вештачка интелигенција и рендгенските снимки со висока резолуција ги променија работите.

Научниците нудат награда од 250.000 долари за оној кој ќе ги прочита ракописите стари 2.000 години кои биле карбонизирани за време на ерупцијата на планината Везув.

Споменатата ерупција ја уништила Помпеја во 79 н.е., а стотици текстови од Herculaneum Library биле закопани и карбонизирани. Ракописите се појавиле во 1752 година во вила во близина на Неаполскиот залив, за која некогаш се верувало дека му припаѓала на свекорот на Јулиј Цезар, но нивната содржина останала мистерија, бидејќи научниците сметале дека се премногу кревки за да се отворат.

Сепак, тим од научници сега поттикна натпревар, откако покажа дека систем на вештачка интелигенција може да издвои букви и симболи од рендгенски слики документи со висока резолуција. Тој алгоритам за машинско учење е обучен да го чита мастилото на површината и скриените слоеви на неотворени свитоци.

Покажавме како може да се читаат свитоците на Herculaneum. Ова ни дава можност да откриеме 50, 70, можеби 80 проценти од целата колекција. Изградивме брод. Сега сакаме сите да дојдат и да пловат со нас, изјави професорот Brent Seales за британскиот весник The Guardian.

Seales е водач на истражувањето во кое вештачката интелигенција била користена за читање на свитоците и компјутерски научник од Универзитетот во Kentucky.

Научниците го објавиле софтверот што го користеле, плус илјадници 3D рендгенски слики од два неотворени карбонизирани свитоци и три фрагменти од папирус за да им помогнат на другите да ги дешифрираат документите. Тие се надеваат дека научните тимови од целиот свет можат да им помогнат да го подобрат софтверот за вештачка интелигенција и да ја постигнат својата цел.

Имаме натпревар за да можеме да ја зголемиме нашата способност да извлечеме се повеќе и повеќе текст, рече Seales.

Секоја научна група ќе се натпреварува за награда од 150.000 долари. Овие пари ќе му бидат дадени на лицето кое прво ќе прочита четири пасуси текст од внатрешните слоеви на свитоците пред крајот на 2023 година. Дополнителни награди од 100.000 долари ќе добијат и оние кои ќе можат да го детектираат мастилото на свитоците од 3D рендгенските снимки.