Внимавајте како се изразувате пред детето | Секој родител едвај чека неговото дете да проговори

1104

Првите зборови, кои детето ги кажува вообичаено се „мама“ или „тато“.

Но вашето дете може непријатно да ве изненадеи кога ќе проговори. Затоа е важно да бидете внимателни и да водите сметка за својот речник кога сте во друштво на детето.

Начинот на изразување на детето е под ваше влијание и влијанието на околината. Децата се како сунѓери, впиваат се што гледаат и слушаат околу себе.

Грди зборови

За децата е вообичаено да прифатат по некој погрден збор од своите родители. Затоа цензурирајте ги своите разговори и не кажувајте пцости пред детето.

Бебешко зборување

Дали знаете ли зошто повеќето деца пелтечат или имаат проблеми со изговорот на одредени гласови? Бидејќи нивните родители, баби и дедовци им зборувале бебешки.

Следете што гледа и слуша вашето дете

Особено внимание посветете на содржините што ги гледа на телевизија. Во денешно време децата попримаат непримерен јазик од масовните медиуми, затоа избегнувајте програми кои не се за деца.

Учење на јазикот

Повеќето деца можат да научат два јазика. Можеби ви изгледа дека тоа е збунувачко, но децата имаат голема способност за учење на јазици. Меѓутоа во одреден момент зборувајте со детето само на еден јазик. На пример ако зборувате на српски, не вметнувајте англиски зборови.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување