Како да ги излекувате стравовите кај децата

986

Доколку децата претерано ги штитите, тоа само ќе ги продлабочи нивните стравови, сметаат експертите.

Иако повеќето од нив никогаш одблиску нема да сретнат змија, токму таа според анкетата на Галуп е „чудовиштето“, од кое најмногу се плашат возрасните. Змијата ги засени и стравовите од јавен настап и летање. Но детските стравови се поинакви.

– Околу 90 проценти од децата живеат со еден или со неколку различни стравови, вели психологот Дона Пинкус, специјалист за лекување на стравови.

За среќа повеќето деца со годините едноставно ги надраснуваат, така што престануваат пред спиење да проверуваат дали во плакарот се крие некое чудовиште. Но во „пореалните“ стравови можете да им помогнете.

Доколку детето се избезуми кога ќе здогледа куче, а вие инстиктивно го тргете на другата страна од улицата, всушност погрешно постапувате.

Средбата искористете ја како можност за демистификација на изворот на страв и со смирен глас кажете: „Погледни колку е слатко кучето. Ќе го прашаме сопственикот дали смееме да го помилуваме, да видиме колку е меко и топло неговото крзно“.

Разјаснувањето на нештата најдобро го лекува неразумниот страв

Стравот најчесто се појавува поради недоразбирање. Доколку им објасните на децата дека пчелата не е заинтересирана за нив, туку за поленот, стравот од пчели ќе се намали. Стравот од забар ќе го совладате доколку заедно на Јутјуб погледнете некоја снимка за преглед на заби.

Со текот на времето се менуваат и чудовиштата

Стравот е заштитна емоција. Токму поради тоа бебињата плачат, кога ќе чујат гласни звуци, а откако ќе го запознаат мајчиното лице, се плашат од непознати. Возрасните се плашат од природни опасности во нивната околина – темнина, бура или грмотевици или од некои животни.

Стравовите се наследни, особено тие на татковците

Доколку мајката здогледа пајак и вресне, детето може ненадејно да почне да чувствува страв од инсекти, предупредува докторот Пинкут. Татковците имаат уште посилно влијание врз децата. Стравот на таткото од забар е најдобар показател, колку ќе се плашат децата.

Претераното сочувствување може да биде штетно

Изјавите од типот „Жал ми е, но мораш на вакцина“ или „Знам дека многу те боли“ се погрешни. Подобро е смиртено да изразите љубов и да кажете: „Се брзо ќе заврши“, советува педијатарот Рој Бенарок.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување