Дали и вие ја имате и оваа опасна бебешка перница? Детските гнезда се повлекуваат поради опасност од задушување

198

Оваа перница не изгледа толку безбедна со оглед на тоа што веќе предизвикала 12 смртни случаи на бебиња во САД.

Големиот трговски ланец Tesco и мрежната шопинг мека Ebay престанале да продаваат бебешка перница популарно наречена детски гнезда откако 12 бебиња во САД починале од последици на задушување, лежејќи токму на оваа перница, пренесува Mirror.

Браниците на перницата не се доволно цврсти

Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) ги повика родителите да не купуваат гнезда за нивните бебиња, но тие сепак стојат на полиците на британските супермаркети и уличните продавници, а некои онлајн продавници исто така ги продаваат.

Tesco и Ebay сериозно го сфатиле предупредувањето и најавиле дека повеќе нема да ја продаваат опасната перница, и покрај тоа што производителите тврдат дека е безбедна и пријатна. Бебињата кои завршиле трагично, се стркалале од креветчето напред и престанале да дишат. Ова не би требало да се случи затоа што перницата има страни што треба да спречат превртување, што очигледно не се случило.

Портпарол на Tesco изјави дека родителите на мртвите бебиња ги купиле перниците од трето лице, а не во продавници. Уште во 2010 година, FDA предупреди на штетноста на овие перници, па трговците ги повлекле од продажба, но по некое време тие повторно се достапни.

Бебињата треба да спијат само на грб

„Подигнатите браници на перницата се направени за да го задржат бебето во сон и се наменети за деца под 6 месеци“, соопшти FDA.

“За да се избегнат трагични последици, бебињата треба да спијат на грб без никакви играчки или дополнителни перници“, рекоа од Американската педијатриска академија.

Агенцијата за подигање на свеста за ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) забележа дека е сосема нормално за бебињата да се мрдаат и да се вртат, бидејќи стануваат посилни од месец во месец.