ВАГИНАTA ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ | Како навистина изгледа и што е нормално? Овие илустрации ќе ги срушат вашите предрасуди

3544
ВАГИНАTA ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ

Ниту една жена не е иста, па како можете да очекувате нивните интимни делови да бидат исти?!

Нема човек што не се прашал барем еднаш во животот – дали сè е нормално на мене? Добро, можете да коментирате за некои стравови со семејството или пријателите, но никому не е баш најпријатно да разговара за најинтимните делови, како што е изгледот на гениталиите.

Од голема загриженост е фактот дека во периодот од 2015 до 2016 година, повеќе од 200 малолетни девојчиња биле подложени на пластична операција на вулвата. За да бидат работите уште пошокантни, 150 од нив биле помлади од 15 години, пишува Mirror.

За да биде оваа ужасна статистика малку поубава, Royal College of Obstetricians and Gynaecologists направи илустрации со детали за сите можни варијанти на женскиот полов орган. Можеби, откако ќе ги погледнете сите, конечно ќе престанете да се грижите за вашиот изглед „таму долу“.

Секоја жена е различна.

Сите форми и видови на вулва

Ниту една жена не е иста, па како можете да очекувате нивните интимни делови да бидат исти?! Важно е да се знае дека сите неправилности и асиметрии на вулвата (надворешниот дел на вагината) се апсолутно нормални.

Многу луѓе се загрижени дека не им се нормални.

Родницата најмногу варира

Жените се најмногу загрижени за изгледот на родницата. Професионалците и тука забележуваат дека варијации има безброј и не треба да се срамите ако едната е поголема од другата или се премногу кон надвор.

Некои жени кога зборат за вагина тие всушност мислат на нивната вулва, што е во ред, но
навистина е добра идејата да се знаат соодветните имиња т.е прекарите, како што се: фани, мини, пена, цветче …

Клиторисот значително се менува

Клиторис.

Клиторисот е најчувствителниот дел од вагината и обично се најодговорни за оргазмот на жената. За време на сексуалната возбуда, може значително да порасне и набабри, затоа што тогаш крвта пумпа повеќе во тој дел од телото. Некои жени имаат скоро невидлив клиторис, додека други имаат поголем и позабележителен. Се разбира, сето ова е нормално.