Поучна приказна за стариот татко и седумте синови ќе ве научи што навистина е важно во животот!

3075

Едена стар човек имал седум синови, пред умирање ги собрал и им рекол:

– Земете сите по еден стап и обидете се да го скршите!

Сите тие го скршиле својот стап без мака.

– Сега дајте ми ги тие седум стапа.

Татко ги врза сите седум стапа со јаже и рече:

– А сега да ве видам ова кој ќе го скрши!

Секој од синовите се обидоа да ги скршат тие седум стапа поврзани меѓу себе, но ниту на еден тоа не му успеа.

– Запомнете ја поуката, таткото рече: – Ако сте заедно, никој ништо не ќе ви може!

Набргу потоа, таткото починал. По погребот браќата наминаа во кафеана.

На сите со кои се сретнале им раскажувале како нивниот татко бил мудар човек и им давале да се обидат и тие да ги скршат седумте стапа поврзани заедно. Но, на никој тоа не му успеа.

Кафеанџијата гледал од страна и му се смачило, па тој ги зеде стаповите, го одврза јажето и ги скрши еден по еден.

– Имам и јас поука за вас – рече на кафеанџијата.

– Не е јачината во стаповите што се еден до друг, туку во јажето кое ги држи заедно.