Железо | Народни лекови

2581

За што се користи железото?

Железото е составен дел на хемоглобинот, кој го овозможува транспортот на кислородот во крвта. Анемијата или слабокрвноста е недостаток на хемоглобинот или еритроцитите (црвените крвни зрнца). Се смета дека голем процент од жените во репродуктивниот период имаат анемија.

Анемијата е предизвикана од недоволно внесување на железо во организмот, кај зголемените потреби за железото (бременост, доење, деца во периодот на раст и развој), намалена апсорпција на железо во цревата, како последица на крварењето.

Во недостаток на железото доаѓа до слабост, вртоглавица, бледило, брзо заморување, губење на здивот, кршлива коса и нокти, паѓање на косата. Во отсуство на железото, ткивата и органите не се доволно снабдени со кислород што доведува до хипоксија.

Дијагнозата на анемија ја поставува докторот врз основа на крвната слика. Во зависност од степенот на анемијата, потребно е неколку месеци да се спроведува терапија за подобрување на крвта.

Во кои намирници има железо?

Железото релативно тешко се прифаќа, па потребно е да го додадете во доволни количини. Добри извори на железо се црвеното месо, црниот дроб, житарки, риба (скуша, сардини), јајца, грав, интегрален или црн леб, лиснат зелен зеленчук, суви кајсии, суви сливи. Купиновото вино, боровинките, копривата (капки), цвекло, спанаќ и какаото влијаат, исто така, на зголемувањето на нивото на железо. Копривата содржи железо, бакар, витамин Ц, ама и манган кои го стимулира ослободувањето на железото од депо.

Бидејќи витаминот Ц помага во усвојувањето на железото во организмот, а железото подобро да се апсорбира од храната, корисно е со оброците да се земат намирници богати со витамин Ц (салата од пиперки, домати, сок од портокал, сок од лимон).

Црниот и зелен чај содржат супстанции кои ја намалуваат апсорпцијата на железото, па тие треба да се земаат само помеѓу оброците, но не пред или после јадење.

Кои се препорачаните дневни дози?

Индивидуалните потреби за железото варираат и во голема мера зависат од возраста, полот, резервите на железото во организмот. Се смета дека дневните потреби за железото од 8-10 mg на ден кај возрасните, а кај децата во развојот и жените во репродуктивниот период 10-15mg. Бремените жени имаат зголемена потреба за железо. Терапевтските дози за лекување на анемија се многу поголеми, 100 mg и повеќе.

Железото се наоѓа во хемоглобинот, миоглобинот, некои ензими. Се чува во организмот во мали количини во црниот дроб. Витаминот Ц помага во усвојувањето на железото во организмот, па така железото подобро да се апсорбира од храната, корисно да со оброците да се зема храна богата со витамин Ц (салата од пиперки, домати, сок од портокал, сок од лимон). Железото подобро се усвојува од намирниците со животинско потекло, отколку од намирници од растително потекло, па се советува и употреба на намирници богати со витамин Ц.

Се верува дека здрави возрасни личности усвојуваат само 10-15% железо од храната, усвојувањето на железото се зголемува за време на бременоста и доењето.

Железото од намирниците од животинско потекло се усвојува 15-35%, додека од храната од растително потекло се усвојува 2-20% (витамин Ц ја подобрува апсорпцијата на железото). Танини, полифеноли, фитати (од храна од растително потекло) и калциум намалуваат усвојување на железо.

Усвојување на железото се зголемува и кога резервите на железото во организмот се ниски, а кога залихите се високи, усвојување се намалува за да се избегнат токсичните ефекти на зголеменото ниво на железо.

Железото во препаратите се јавува во две форми: fero и feri. Fero форма подобро е прифатена и се користи како: fero-fumarat, fero-sulfat, fero-glukonat. Кога железото се зема на празен стомак често предизвикува гадење, а во поголеми дози и запек. Со зголемување на дозите се намалува процентот на железо, кој се усвои, затоа е најдобро да се зема поделено во неколку дози во текот на денот.

Некои комерцијални производи содржат комбинација на железо, витамин Ц, витамин Б12 и фолна киселина, бидејќи последните две компоненти се потребни за формирање на еритроцитите (црвените крвни зрнца).

Продолжува на страна 2