Кој има потреба од зголемено количество на железо?
Светската здравствена организација смета дека недостатокот на железо е најчест нутритивен дефицит во светот. Недостатокот на железо е предизвикан од тешки крварења после операциите во кои многу крв е изгубено, кај обилни менструации, во бременоста, кај цревни заболувања во кои усвојувањето на железо е намалено.
Вегетаријанците внесуваат железо само со намирници од растително потекло (житарици, тофу, грав, зеленчук). Бидејќи железото од растителни извори послабо се прифаќа, вегетаријанците треба да внесуваат двапати повеќе со исхраната отколку луѓето кои користат месо.
Недостатокот на железо се развива постепено, кога усвојувањето на железо од храната е помало од дневните потреби за истото. Резервите на железо во црниот дроб се намалуваат постепено, за тоа да се вградува во хемоглобин. Кога и резервите ќе се исцрпат, доаѓа до манифестација на анемија заради дефицит на железо.
Луѓето со оштетување на бубрезите, особено луѓето на дијализа, имаат зголемен ризик од развој на анемија, бидејќи бубрезите не произведуваат доволно еритропоетин, хормон кој влијае на формирањето на црвените крвни зрнца. Железото и еритропоетин може да се губат за време на дијализа. Витамин А овозможува да се мобилизира железо од резервите, а во отсуство на овој витамин постојните резерви во организмот не можат да се искористат.
Кај целијачна болест, Кронова болест и други заболувања на органите на дигестивниот тракт може да доведе до намаленото усвојување на железо.
Се верува дека спортистите и рекреативците, а особено жените кои тренираат интензивно, можат да имаат зголемена потреба за железо.
Дали е можно да се внесе премногу железо?
Во прекумерните дози железото е токсично за организмот. Вишокот на железото се складира во црниот дроб и срцето, што во последните фази може да доведе до цироза на црниот дроб и срцева слабост. Бидејќи многу малку се излачува од организмот, многу лесно може да се акумулира во ткивата и органите. Зголемената доза на железо води до запек, гадење, повраќање, а во случај на сомневање за труење со железо треба веднаш да се оди на лекар.
Кои лекови не треба да се земаат во исто време со железото?
Калциумот го спречува усвојувањето на железо. Препаратите на калциум земени со храна ја намалуваат апсорпцијата на железото од храната, па затоа е најдобро да ги земеме пред спиење. Витаминот Ц го подобрува усвојувањето на железо од растителни извори, па затоа е пожелно да го земаме со него. Цинкот и железото еден на друг ја намалуваат апсорпцијата кога се применуваат истовремено. Кога се зема со храна, јоните на железо и цинк не покажуваат компетенција за усвојување.
Железото ја намалува апсорпцијата на некои лекови, па затоа треба да се зема во временски интервал од најмалку 2 часа од следниве лекови: тетрациклин, кинолонските антибиотици, левотироксин, леводоп, метилдоп, бифосфонати.


















