СПИСОК НА НАГРАДЕНИ НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА ЗА 2019 ГОДИНА

501

Оваа година Златна Бубамара на популарноста беше многу поразлична од било која друга.

Покрај оној незаменлив хумор, многу внимание се посвети на авторите, на оние кои создаваа добри дела во изминатата 2019 година.

Изборот е за респек, немаат утнато во ниту една категорија, и веќе наличува на доделувањето на Оскари, ама во наша верзија.

Публиката во полн состав до последната награда, некаде по полноќ, и веќе размислувам на промена на денот и времето на почеток, но со директен пренос.

ОВА СЕ НАГРАДЕНИТЕ НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА ЗА 2019 ГОДИНА

  • Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека
  • Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика
  • Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)
  • Пеачка на годината – Тамара Тодевска
  • Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)
  • Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)
  • Најсатирична емисија – Фчерашни новости
  • Трајни музички вредности – Електрични оргазам
  • Театарска претстава – Мој термин (МНТ)
  • Актер на годината – Јордан Симонов
  • Актерка на годината – Тања Кочовска
  • Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга
  • Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски
  • Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис
  • Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија
  • Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ
  • Животно дело во областа на филмот – Столе Попов
  • Награда за прва труба – Џамбо Агушев
  • Најголем интернационален успех – Медена Земја
  • Амбасадори на македонската култура – Танец
  • Спортски успех – РК Вардар
  • Музички Продуцент – Мите Димовски
  • ТВ актерка – Јелена Јованова
  • Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)
  • Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)
  • Трајни музички вредности – Галија
  • Пеач на годината – Влатко Лозаноски