Претпочитам да живеам нелегално, отколку законски да бидам мртов! Ова е исповед на едно момче кое се лекува со масло од канабис | Видео

171

Објавено June 13, 2016. прочитано 55274

Само пред неколку години, Колтин бил толку болен што бил ограничен на својата инвалидска количка. Денес, благодарение на медицинската марихуана, овој петнаесетгодишник вози велосипед!

Колтин Тарнер има 15 години и веќе неколку години страда од компликации на Кронова болест. Ништо не му помагало, никакви класични лекови и третмани. Со време станувало сѐ полошо и полошо и на крајот завршил во инвалидска количка. Тоа така траело сѐ додека неговата мајка не одлучила да се обиде да ја проба терапијата со масло од канабис.

Денес Колтин е живо момче, кој конечно може повторно да се движи и да вози велосипед, но принуден е да живее далеку од своето семејство. За да може да го зема лекот, тој е сместен кај роднини во Колорадо, во една од ретките држави во САД, како и области на планетата, во која е дозволена употребата на марихуаната за медицински цели.

– Претпочитам да живеам илегално, отколку законски да сум мртов – рече Колтин со надеж дека наскоро нешто ќе се промени, така што ќе може и да се лекува, да биде со своето семејство и да се врати на неговите пријатели во родниот Илиноис.

Неговата мајка Венди е многу лута, бидејќи само заради некои луди правила, нејзиниот син не е со неа.

– Кога тој се разболе, нѝ беше кажано дека нема спас. Ниту еден стандарден лек не помагаше и само направија да биде полошо. Тие ми препорачаа масло од канабис, и кога слушнавме дека единствениот можен негативен ефект е марихуаната да не му помогне, решивме да го испробаме. Немавме што да изгубиме, а ние добивме сѐ! За жал, по цена што семејството, кое живееше шест години на една земја, се растури – раскажува г-ѓа Тарнер.