Осумгодишно девојче се искачило на Килиманџаро | Видео

64

Осумгодишната Рокси Гетер од Флорида во САД е најмладо девојче кое се искачи на планината Килиманџаро во Танзанија.

Рокси и нејзиното семејство се искачија на највисоката планина на африканскиот континент, на највисокиот врв Ухуру, кој се наоѓа на 5.865 метри надморска височина, јави Би-Би-Си.

– Беше многу тешко затоа што моравме да се искачуваме по многу стрмни терени. Мислев дека никогаш нема да стигнам до врвот, рече Рокси за Би-Би-Си.

После шест дена, по многу ниски температури, семејството Гетер стигна на врвот на Килиманџаро.

– Беше многу тешко, бев многу уморна, едвај можев да одам, рече Рокси.

Таа рече дека во иднина „можеби ќе се искачува, но само на пониски планини“.

– Можеби ќе одам на планини со пониска висина, но на вака високи, сигурно повеќе не, рече Рокси.