Колку вода е доволно?
Просечно, човекот треба да пие 8 чаши од 250мл дневно. Тоа е околу 2 литри вода.
Но, човек со прекумерна тежина треба да пие една дополнителна чаша за секои 10 килограми вишок. Исто така, количината што треба да се испие се зголемува, ако сте физички активни или времето е жешко или суво.
Водата се препорачува да биде ладна, бидејќи системот ја апсорбира многу побрзо, отколку топлата вода. А, постојат и одредени докази кои посочуваат дека пиењето ладна вода всушност може да помогне во согорувањето на калории.
Затоа, чувајте Горска вода редовно со вас и консумирајте ја постепено, распоредена во текот на утрото, пладнето и вечерта.



















