Неудобни ситуации поврзани со пенисот

1385

За претставниците на посилниот пол пенисот е симбол на гордост или … срам.

Како и секој друг дел од човечкото тело, така и тој понекогаш може да се “однесува” чудно, но во повеќето случаи работите кои сте ги забележале во одредени ситуации, не треба да ве загрижуваат.

Еве некои од најчестите неудобни ситуации поврзани со пенисот.

Пенисот се намалува при контакт со ладна вода

Веројатно сте забележале дека кога ќе влезете во море, река, езеро, каде што водата е ладна или земате леден туш, пенисот ја намалува својата големина. Тоа е нормална реакција на телото при ниски температури.

Како и сите испакнати анатомски делови, пенисот и тестисите се многу чувствителни на температурни промени. Тестисите одржуваат одредена температура за заштита на клетките на спермата.

Нивната реакција при изложеност на ниски температури е да се свиткаат, за да се задржи топлината и да се одржува идеалната температура. Затоа при нивната контракција се намалува и пенисот.

Утринска ерекција

Ова им се случува речиси секое утро на мажите кога се мачат да ја најдат точната позиција за мокрење, додека се борат со утринската ерекција. Овој вид ерекција се нарекува nocturnal penile tumescence и им се случува на сите здрави мажи, меѓу три и пет пати во една ноќ, кои не страдаат од еректилна дисфункција.

Истражувањата покажуваат дека нивото на тестостерон се зголемува за време на спиењето, а неговите вредности се највисоки во утринските часови.

Продолжува на страна 2