Неудобни ситуации поврзани со пенисот

1386

Партнерката ми вели дека спермата ми има чуден вкус

Начинот на исхрана и пијалоците кои ги консумирате влијаат врз квалитетот и вкусот на спермата. Семената течност се состои од 96% вода, 2 до 5% сперматозоиди и различни количини фруктоза, витамини, протеини и минерали.

Вкусот на спермата може да се подобри преку регулирање на храната, како и со ограничување на алкохолот и пушењето.

Необјаснета ерекција

Ерекција се случува и на работното место, во службена средба или во ситуација во која мажите не мислат на секс. Повремените ерекции се нормални. Ова е начинот на кој пенисот се вежба.
Пенисот е богато опремен со крвни садови, кои постојано имаат потреба од кислород, за да бидат секогаш во форма за секс. Повремените ерекции се знак дека половите органи добиваат доволно од него, што им овозможува да бидат здрави и силни.

Не можам да го “кренам”

Еден човек може да е сексуално активен, здрав, но понекогаш тешко да достигнува до ерекција. Тоа не смее да биде причина за загриженост, бидејќи не е ниту од стареење, ниту од импотенција. Состојбата се нарекува “ситуациона еректилна дисфункција,” што е предизвикано главно од стрес, психолошки проблеми, секс со нов партнер и други.

Пенисот има чудна форма

Постојат многу различни видови на пениси и е погрешно да мислите дека совршениот е прав и долг. Искривувањето на пенисот во голема мерка зависи од тоа како бил лоциран помеѓу бутовите, кога човек стигнал до полова зрелост, од позицијата на спиење и од евентуални повреди.