5 кратки мудрости на јапонските родители во воспитувањето деца

982

Иако јапонскиот стил на родителство се разликува од нашиот, овие трикови можеме да ги „украдеме“

Јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните во светот, покажува истражувањето објавено во научното списание „The Lancet“. Резултатите од студијата исто така откриле дека јапонските деца имаат најдолг животен век.

Иако јапонскиот стил на родителство е малку поразличен од нашиот, постојат неколку општи трикови кои дефинитивно не е лошо да ги испробате ако не сте се обиделе да ги примените во воспитувањето на детето.

Пофалбa за трудот, а не за способноста

Во Јапонија, детето секогаш е пофалено за неговата напорна работа, а не за својата способност. Ваквиот начин на охрабрување и пофалба важи дури и кога детето има проблеми со нешто затоа што родителите веруваат дека детето тогаш ќе се потруди уште повеќе.

Почитувањето на прво место

Малку е веројатно дека ќе видите како јапонско дете има испади на гнев среде продавница. Јапонските родители ги учат децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.

Ако не е далеку, пешчи

Во Јапонија е најнормално да се гледаат малите ученици како одат сами на училиште. Повеќе од 98 проценти од децата одат пеш до училиште, според Светската здравствена организација. Во Јапонија, ова правило генерално важи, затоа јапонските родители уште од самиот почеток ги учат своите малечки како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги нозете. Ако не е далеку – пешачи!

Без викање

Во Јапонија, зборот за дисциплината е shitsuke”. Овој збор може грубо да се преведе како “одгледување”. Наместо да викаме, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото на размислување за последиците од она што детето го сторило.

Независност од почеток

Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и самоуверени. Затоа, јапонските деца им помагаат на своите родители во домашните работи од почеток, и продолжуваат со такви навики во градинка и училиште.

Дали и на нашите деца им е потребна оваа јапонска лекција?

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.