Што е Планета Х и дали воопшто постои ? Мистеријата, некаде на крајот на Сончевиот систем, останува мистерија 

233

Нема докази дека некогаш бил виден или забележан објект што би одговарал на описот на Планетата Х.

Планетата Девет или Планетата Х е масивен хипотетички објект во елиптична орбита далеку зад Плутон, оддалеку се претпоставува дека би биле потребни 10 или 20 илјади Земјини години за да се заврши само една орбита околу Сонцето, пишува Science Alert.

Исто така, треба да се напомене дека нема докази дека некогаш бил виден или забележан објект што би одговарал на описот на Планетата Х. Во 2016 година, астрономите од Калифорнискиот технолошки институт Mike Brown i Konstantin Batygin ги објавија своите набљудувања дека патеката на џуџестата планета 2012 VP113 невообичаено се совпаѓа со патеките на пет други екстремни транс-Нептунски објекти, што може да значи дека постои голема маса што „реагира“ на неа, а тоа би можело да биде Планетата Х.

Иако ова може да биде случајно, шансите тие да се движат така без нешто што ги „држи на место“ се околу 1 на 14.000, тврди Браун. Две години подоцна, беше пресметано дека транс-Нептунскиот објект 2015 BP519 на невообичаена патека на која би можела да влијае некоја таква маса. Досега најдобар доказ за неоткриени планети во најоддалечениот дел од Сончевиот систем останува овој сет, иако самото постоење на Планетата Х сѐ уште останува спорно.

Како може да изгледа планетата Х?

Претпоставувајќи дека таков објект сличен на планета сѐ уште постои, се претпоставува дека неговата маса би била околу 10 пати поголема од онаа на Земјата, со дијаметар сличен на замрззнатите џинови.

Поради оваа оддалеченост, се смета дека се формирала некаде помеѓу орбитите на Јупитер и Нептун, додека нејзиното формирање било слично како и другите гасовити планети во Сончевиот систем. Тој најверојатно се нашол во оваа позиција во Сончевиот систем поради „ударот“ на гравитацијата на еден од двата гасни гиганти.

Дали некогаш ќе потврдиме дека постои?

Ќе биде многу тешко да се потврди дека постои Планета X или Планета Девет. Постојат телескопи што можат да забележат објекти со таква големина на таа оддалеченост, но со оглед на толку голема површина на небото што треба да се покрие, научниците прво ќе треба да отстранат делови од небото каде што е помала веројатноста да се лоцира за да се фокусираат на просторот каде би можел биде. Во тоа може да помогне повеќе следење на транс-Нептунските објекти.

Во секој случај, нашиот сончев систем засега останува во осумчленото семејство.