Рекордни емисии од шумски пожари во Јакутија | Научниците запрепастени од нивниот обем и интензитет

144

Јукутија се наоѓа во североисточен Сибир и е најголемиот руски регион познат по својата тундра и суровите зими.

Летните шумски пожари веќе предизвикаа рекордни емисии на CO2 во рускиот сибирски регион Јакутија, а сезоната на пожари ќе трае со недели, објави во средата европската агенција Copernicus.

Експертите стравуваат дека пожарите, предизвикани од топлината, можат да го стопат сибирскиот вечен мраз и да ослободат уште повеќе јаглерод складиран во замрзната тундра.

Овогодишните пожари досега зафатија повеќе од 4,2 милиони хектари во Јакутија, а чадот оваа недела достигна до Северниот пол.

Емисиите од јуни изнесуваат повеќе од 505 мегатони еквивалент на СО2, според Copernicus, програмата на ЕУ за набудување на Земјата.

Силно затоплување на Арктикот

Тоа е веќе повеќе од ланскиот рекорд од вкупно 450 мегатони за целата сезона на пожари, рече научникот Mark Parrington од Copernicus.

Јукутија се наоѓа во североисточен Сибир и е најголемиот руски регион познат по својата тундра и суровите зими. Да беше независна, ќе беше осма по големина земја во светот.

Иако шумските пожари се дел од природниот шумски циклус во областа, научниците се запрепастени од обемот и интензитетот на пожарите во последните години.

Ова се совпаѓа со силното затоплување на Арктикот, каде просечните температури се зголемуваат три пати побрзо отколку во остатокот од светот.